369
Иранскиот Комитет за итни случаи за загадување на воздухот денеска одлучи да ги затвори градинките, училиштата и универзитетите во Техеран во следните два дена поради невообичаено високото ниво на загаденост.
Наставата ќе се одвива онлајн, јави државната новинска агенција ИРНА.
Квалитетот на воздухот во Техеран се смета за „нездрав“ за сите групи.
Секој кој е чувствителен на загадување или е од високоризична група треба да работи од далечина, соопшти Комитетот. Во оваа група се вклучени и бремени жени, мајки, сите вработени над 50 години и вработени со срцеви, белодробни и респираторни заболувања.
Жителите на Техеран се повикани да избегнуваат излегување надвор освен ако тоа не е неопходно и да носат маски Н-95 доколку е потребно.