Тегла со марихуана и 60 пакувања спремни за продажба најдени при претрес кај скопјанец

by Fokus

37-годишен скопјанец со иницијали А.М. е денеска уапсен кога при претрес во неговиот дом е пронајдена поголема количина марихуана. Од полицијата соопштуваат дека освен поголема тегла со марихуана, во домот на уапсениот се најдени 61 пакување спремни за продажба.

„Денеска (28.03) полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога го приведоа А.М. (37) од Скопје. При претрес во дом во Скопје, кај А.М. се пронајдени 61 пакувања и една тегла со марихуана. Тој е приведен во полициска станица и до надлежното обвинителство е поднесена соодветна кривична пријава, по што од судија му е одредена мерка оритвор од 30 дена“, соопштија од МВР.

Поврзани новости