Државната изборна комисија вчера попладне ги соопшти неофицијалните резултати од предвремените парламентарни избори. Партиите кои учествуваа на изборите сега имаат рок од 48 часа да достават приговори за спроведувањето на изборите и за сумирањето на резултатите. Државната изборна комисија ќе треба да одговори во рок од 72 часа.
Дел од политичките партии учеснички на изборите веќе најавија доставување приговори.
Владејачката коалиција на СДСМ „Можеме“ освои најмногу гласови и 46 места. СДСМ освои 327.329 гласови, по што следи коалицијата на опозициската ВМРО ДПМНЕ „Обнова за Македонија“ со 315.344 гласови и 44 места во парламентот со 120 места. Демократска унија за интеграција (ДУИ) освои 104.587 гласови и 15 места, коалицијата Алијансата за Албанците – Алтернативна 81.229 гласови и 12 места, Левица 37.551 глас и две пратенички места, а Демократската партија на Албанците (ДПА) 13.891 гласови и еден мандат во парламентот.
На изборите гласале вкупно 942.334 граѓани.