787
Српската пејачка, Теа Таировиќ била уапсена, но набрзо ослободена на аеродромот во Германија, објавија српските медиуми.
Според „Телеграф“, Таировиќ била уапсена од финансиската инспекција на аеродромот во Германија
Пејачката е ослободена по неколкучасовно испрашување, што за медиумите го потврди и нејзиниот менаџер Никола Бојовиќ.
– Така е, ја пуштија. Ја приведоа затоа што пречекорила три дена во Шенген зоната. Нејзиниот пасош е многу полн бидејќи многу патува и работи, поради што процедурата трае подолго. Пред две недели дојде до пропуст, кога ѝ беа истечени 90-те дена. Се слушнавме, таа е добро и сега се е во ред – изјави менаџерот.