338
Популарната турбо фолк пејачка Теа Таировиќ го најави нејзиниот концерт во Скопје. Истиот е во организација на Балкан Медиа, и ќе се одржи во Арена Борис Трајковски, на 30-ти ноември, во склоп на турнејата ,,Нека гори Балканот”.
Од организацијата на настанот откриваат дека младата пејачка која зад себе има три албуми била голем перфекционист, па освен песните, подеднакво и бил важен и сценскиот настап.
Затоа, за македонската публика на скопскиот концерт подготвувала посебни кореографии, за кои истакнуваат дека ќе ја оставеле публиката без здив.
Концертот е најавен како голем спектакл, а влезниците веќе се пуштени во продажба. Цените се движат од 700 денари, па се до 10.000 денари за за пакет влезници со пијалок.
Вики Клинчарова