Те-то ќе прави струја до крај на март

by fokus

Електраната Те-то и во февруари и во март ќе произведува струја и топлинска енергија во викендите и ќе ја продава на ЕСМ, одлучи владата којашто ја продолжи мерката со која се обезбедуваат дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство за два месеца.

-Согласно ова, донесена е одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 часот наутро до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 февруари 2022 година до 31 март 2022 година, соопштија од владината прес-служба.

Согласно оваа мерка, АД „Електрани на Северна Македонија” – Скопје ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „Те-То“ АД Скопје, според правата и обврските меѓусебно утврдени со склучен Договор за купопродажба на електричната енергија, стои во соопштението.

Поврзани новости