Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска попладнево се очекува да биде спроведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.
Тој синоќа беше на распит во полициска станица, а денеска главниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, Габрил Бубевски рече дека посредните докази укажуваат дека организаторите ги добиле информациите токму од него, за тоа кога девојчето ќе излезе од дома.
– За таткото засега имаме докази дека посредно учествувал во информирањето кога девојчето ќе излезе од дома за да биде земено. Немаме сознанија дека е вмешан во мотивот за убиство. Едно од осомничените лица кажа дека информациите за девојчето ги има од таткото – рече Бубевски.
Посочено беше дека првоосомничениот кој е организатор и извршител на убиството е во бегство, а на тројца од осомничените им е изречен притвор од 48 часа.