159
Александар Ѓорчевски, татко на киднапиранта и убиена 14-годишна Вања заврши во притвор во затворот „Скопје” во Шутка, неофицијално дознава „Фокус“
На него му е одреден 48-часовен притвор, кој подоцна може да биде продолжен откако ќе биде покрената истрага.
На денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и скопскиот јавен обвинител Гаврил Бубевски истакнаа дека таткото е вмешан во киднапирањето на девојчето, откако тој ги информирал киднаперите дека таа ќе оди сама на училиште и во колку часот ќе излезе од дома.
Во притвор завршија тројца осомничени, а убиецот на девојчето и на старецот од Велес, Љупчо Палевски-Палчо е во бегство.
И.М.