Видео снимка од Славонски Брод, на која се гледа како среде бел ден се случува масовна тепачка на улица, а во која најдебелиот крај го извлече момче облечено како Дедо Мраз, ја шокираше јавноста во регинот.
На видеото може да се види како Дедо Мраз лежи среде улица, а кога се обидува да стане, му приоѓа момче кое го удира со ногата по глава, по што тој повторно паѓа и останува без свест.
По настанот, хрватската полиција соопшти дека во врска со случајот се приведени четири лица, од кои еден припадник на хрватската војска.
Дедо Мраз пак, завршил со тешки повреди на главата.
Околу тоа што стои зад овој немил настан, за Хрватската телевизија ХРТ, денес раскажа Златко Ереиз, татко на претепаното момче облечено како Дедо Мраз, а чие име е Кристијан Ереиз.
-Ова е траума за секој родител и за секое дете! Син ми од куртоазија на сите девојки кои минувале им делел бонбони, а пак на момчињата им делел кондоми.
Тешко е ова кое го доживеавме, сочувствувам со сите родители кои претрпеле вакво нешто.
Судството нека си ја одработи својата работа – изјави Ереиз.
Кристијан по санирањето на повредите бил пуштен на домашно лекување.
Полицијата соопшти дека напаѓачот и уште три други лица поврзани со случајот биле уапсени. Момчето кое со нога го удираше Дедо Мраз бил припадник на Хрватската војска, а пред две години дисциплински и кривично одговарал за нанесување на телесни повреди и смртни закани. Не бил исфрлен од војската, туку во меѓувреме напредувал и добил награди.
Вики Клинчарова