Таткото на монструмот од Градачац не сака да го преземе телото на убиецот: Не ме интересира тоа г***о!

by Fokus

Поминаа четири дена од масакрот што го направи бодибилдерот Нермин Сулејмановиќ во Градачац, БиХ.

Тој ја уби својата сопруга Низама Хеќимовиќ, татко и син, турските државјани Џингис и Денис Ондер, а ги рани сопругата на Џингис, Хариса Ондер, полицаецот Хусеин Коториќ и Недим Памуковиќ.

Тој го сними монструозниот чин на убиство на сопругата и го објави на Инстаграм.

После тоа со автомобил се упати до фарма во близина на Градачац, каде опкружен од полициски сили извршил самоубиство.

Сега се поставува прашањето каде и кога ќе биде погребан Сулејмановиќ.

Како што дознава „Аваз“, никој не сака да го преземе неговото тело, дури ни татко му.

Неговите „познаници“ за новинарите на „Аваз“, кои се во Градачац, изјавиле дека таткото на Нермин Сулејмановиќ рекол: „Не ме интересира тоа г***о“.

Да потсетиме, таткото и синот Џенгиз и Денис Ондер, кои во петокот ги уби Нермин Сулејмановиќ во Градачац, денеска ќе бидат погребани на гробиштата Сехитлуча.

Инаку, Низама Хеќимовиќ, жртвата на Сулејмановиќ, беше погребана вчера на гробиштата кај Градачац.

Поврзани новости