397
Таткото на момчето кое денеска беше приведено во Бугарија, под сомнение дека подготвува терористички напад, им сигнализирал на надлежните уште пред еден месеци дека неговиот син се однесува чудно, тврди адвокатот на момчето во изјава за бугарските медиуми.
-Таткото се обрати до надлежните органи да му помогнат во ситуацијата, затоа што не можел да се справи сам. Момчето сурфајќи на интернет дошло до сајт, преку кој започнал комуникација со еден човек, кој му го испрал мозокот – вели адвокатот, кој смета дека момчето е жртва на интернетот.
Во телефонот на момчето биле пронадени преписки со структури поврзани со фундаметалистите.
Инаку, 16-годишникот учел во елитно училиште и потекнува од добро ситуирано семејство во Пловдив.