Таткото на момчето кое загина на вртелешка во Пефкохори: Ако не се најдат виновниците, јас ќе ги најдам и ќе ги казнам

by Fokus

Случајот со смртта на младото момче Јанис (19) кој загина во трагедијата на Халкидики, при дефект на вртелешката, односно му пукнало седиштето, поради што тој испаднал и го скршил вратот, продолжува да привлекува големо медиумско внимание во Грција.

Несреќниот млад човек бил во забавниот парк со својата мајка и двајцата помали браќа кога се случила несреќата. Еден од браќата бил со него на вртелешката и тој успеал да се задржи, додека неговата мајка и уште еден брат биле сведоци на трагедијата.

Таткото на жртвата, кој бил во Атина кога се случила несреќата, е лут на локалните власти, пренесува порталот „Прототема“.

„Доколку виновниците не се најдат веднаш, јас како родител кој ги чувал децата сите овие години од моментот кога се родиле, ќе ги најдам и ќе ги казнам“, рече тој и продолжи:

„Ова семејство и оваа куќа се затворени. Бевме многу блиски. Децата израснаа. Моето момче го нема. Неговата слика никогаш нема да не остави. Секој викенд одев да ги гледам, бескрајни години на улица. Други ми го земаа детето “.

А мајката на Јанис е огорчена:

„Мојот Јанис беше висок два метра. Тој секогаш се наведнуваше да ме бакне, а сега се наведнувам да го бакнам. Слушнав дека градоначалникот на Касандра направил некои промени. Дали моето дете требаше да умре за тоа да се случи?”, праша таа.

Сопственикот на забавниот парк во Пефкохори немал дозвола за работа, а му било забрането да го постави паркот бидејќи ги немал потребните сертификати за апаратите.

Поврзани новости