Таткото на Махса Амини – симболот на отпорот е уапсен, па ослободен, не смеел да ја одбележува годишнината од смртта

by Fokus

Иранските безбедносни сили накратко го приведоа, а потоа го ослободија таткото на Махса Амини, откако го предупредија да не ја одбележува годишнината од нејзината смрт, што е денес.

„Безбедносните сили денеска го приведоа Амјад Амини и го вратија дома откако му се заканија да не ја одбележува годишнината од смртта на неговата ќерка“, објави Курдистанската мрежа за човекови права, пренесува Ројтерс.

Смртта на Махса Амини во затвор пред една година предизвика повеќемесечни антивладини протести, кои ја претставуваа најголемата форма на опозиција во земјата кон властите во последниве години.

Ројтерс пренесува дека не може да ги потврди наводите за притворањето на Амџад Амини, а иранските власти не можеа да ги коментираат.

Поврзани новости