Таткото на исчезнатиот Самоил: Се сомневаме дека е убиен и некаде фрлен

by fokus

Помина година дена од исчезнувањето на Самоил Костадиновски од Скопје, а неговиот татко денеска изрази сомнежи дека неговиот син е мртов.

-Помина година дена и еден месец се уште не знаеме каде е нашето дете, нашиот Самоил каде се наоѓа до овој момент. Ние се сомневаме дека Самоил, бидејќи носеше со себе пари оваа криминална група го има убиено и негде фрлено. Зашто истите тие се нуделе на албанците, дека биле спремни да убиваат, да киднапираат, вели Љупчо Костадиновски.

На 26 годишниот Самоил Костадиновски од 3 март лани му се губи секаква трага. Сите постапки на полицијата околу негово пронаоѓање не се споделуваат со јавност и се водат како строго доверливо.

За неделава се закажани завршни зборови, а по завршување на тој дел од постапката, потоа ќе следува и пресудата за обвинетите лица за грабнувањето.

Таткото на Самоил очекува осудителна пресуда, но семејството се незадоволни со тоа колку луѓе се опфатени со обвинението и бараат проширување на истрагата.

Обвинителството во септември поднесе обвинение против две лица. Едно е осомничено за делото грабнување, а второто за помагање.

Поврзани новости