703
Таткото на исчезнатиот Самоил Костадиновски, внук на политичарот Љубе Бошковски, нуди парична награда за информација во врска со исчезнувањето на неговиот син. Вели немаат буквално никаква вест ниту од Обвинителството ниту пак од неговите пријатели.
„Не изгубив точак, туку дете, и по 20 дена не знаеме каде е, што се случило со него, зошто?“, вели за А1он, таткото на исчезнатиот Самоил, Љупчо Костадиновски.
Љупчо е брат на Виолета, сопругата на Љубе Бошкоски. Полицијата уапси две лица во врска со грабнувањето, но иако поминаа 20 дена се уште нема никаква информација каде е Самоил.