848
Илир Адеми, таткото на 11-годишна Ембла од Гостивар, во гостување на ТВ21 изјави дека неговата ќерка е видливо посреќна откако се врати во училишните клупи.
Прилогот за неговата ќерка предизвика низа реакции во јавноста, откако беше обелоденето дека родителите на нејзините соученици не ги пуштаат во училиште, затоа што таа учи со нив.
„Таа е среќна. Чувствува дека се врати меѓу врсниците, ние како родители знаеме дека таа е среќна. И ние сме среќни дека цела оваа ситуација заврши“, рече Адеми.