Таткото на руското девојче испратено во сиропиталиште откако во училиште нацрта антивоен цртеж е екстрадиран од Белорусија назад во Русија, од каде што побегнал од двегодишната затворска казна, објави денеска група за човекови права.
Алексеј Москаљов избега од домашен притвор непосредно пред неговата пресуда минатиот месец во градот Јефремов, јужно од Москва. Два дена подоцна тој беше приведен во Белорусија.
Според белорускиот центар за човекови права Вијасна, кога посетителите вчера се обиделе да го пронајдат Москаљов во белоруски затвор, им било кажано дека тој е екстрадиран во Русија.
Москаљов (54) беше обвинет за објави на социјалните мрежи во кои ја критикува војната во Украина, согласно законот донесен неколку дена по почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година. Тој ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека објавите не ги пишувал тој.
Во случајот што предизвика меѓународен гнев, таткото на 13-годишната Марија Москаљова беше осуден за „дискредитација на руската војска“ и осуден на две години затвор, додека неговата ќерка беше испратена во сиропиталиште.
Според неговиот адвокат и неговите поддржувачи, неволјите на Москаљов започнале откако неговата ќерка нацртала цртеж во училиштето „Ефремов бр.9“ на кој се прикажани проектили над руското знаме кои летаат кон жена и дете. На цртежот беа и зборовите „Не на војната“ и „Слава на Украина“.
По цртежот на двојчето, нејзиниот татко Москаљов беше изведен на суд поради наводни објави на социјалните мрежи.