Еден од осомничените за убиството на малата Данка Илиќ од Бор, кој до сега молчеше, конечно проговори за кобниот ден, но не ги даде вистинските одговори и по три часа испрашување. Родителите на убиеното дете го чекаа овој ден, а Милош Илиќ, таткото на убиеното девојче во изјава за српска „Република“ со свој коментар откако денеска во Вишото јавно обвинителство во Зајечар беше сослушан Срѓан Јанковиќ (50).
Рече дека е згрозен што осомничениот по 70 дена молк целосно го негира делото, наместо да стави крај на агонијата и конечно да признае каде се посмртните останки на Данка.
Илиќ рече дека се сомнева во секој негов збор.
– Да беше вистина како што изјави, немаше да молчи два месеци. Сомнително е зошто некој би молчел за да негира се по толку време – рекол таткото на Данка.
За човекот кој е осомничен дека управувал со службениот автомобил на ПУК „Водовод“ кој на 26 март удри во Данка во Бањско поле, нејзиниот татко вели дека се укажува на тоа дека сомнежите се оправдани и дека Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ направиле страшно злосторство.
Не можеше да најде сила да каже што би ги прашал убијците на неговата ќерка ако е лице в лице со нив.
Дејан Драгијевиќ го призна делото во полиција, велејќи дека тој и Јанковиќ случајно го удриле детето со автомобил, а потоа нејзиното неподвижно тело го ставиле во автомобилот, но таа подоцна се разбудила и ја задавиле.
Според сомнежите на истражните органи, криминалците некаде го закопале детето, а во прикривање на злосторството помогнале таткото на Дејан Радослав и неговиот брат Далибор.
– Едниот призна дека го направил тоа што го направил, а другиот дека по два месеци не ја ни видел Данка. Мислам дека ниту еден нормален човек не би поверувал во тоа – заклучи Милош Илиќ.