78
Како што беше потврдено денеска, малата Данка е убиена, а две лица се уапсени под сомнение дека го извршиле убиството.
Полициски екипи го блокираа приодот до депонијата каде, како што се сомневаат, е фрлено телото на двегодишната Данка Илиќ.
Семејството на малата Данка пред дваесетина минути пристигнало во полиција. Прво таткото, а потоа мајката со дедото на Данка.
А набрзо потоа дошла и брзата помош пред полициската станица каде биле таткото и мајката на Данка Илиќ.
На нив им се слошило и лекарите морале да реагираат и итно биле префрлени во блискиот Здравствен дом.