69
МВР информира дека синоќа во 22 часот во СВР Куманово, малолетничка од Куманово пријавила дека нејзиниот татко Џ.С. од Куманово двапати ја мажел за одреден паричен надомест и кога дознала дека планира и третпат да ја омажи побегнала од живеалиштето и го пријавила настанот во полициска станица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.