Татко – монструм во Скопје: Ја оставал ќерката сама без храна, а кога ќе дојдел ја тепал со каиш

by fokus

Татко повеќе од половина година ја малтретирал и ја оставал сама својата ќерка без храна во нивниот дом во Скопје, a кога ќе си дојдел дома ја тепал и малтретирал.

Обвинителството поведе постапка против четириесет и петгодишен државјанин на Босна и Херцеговина кој привремено живеел во Скопје за кривично дело Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

Според скопското обвинителство, таткото како единствен родител со кој живеело детето родено во 2008 година, редовно патувал во странство и ја оставал својата ќерка сама, без родителска грижа, без храна и хигиена во домот.

-Кога ќе се врател од своите патувања, тој вршел психичко и физичко насилство врз детето, користејќи каиш и удирање како средство за нејзино воспитување, а во една прилика се обидел да ја прободе со нож. Осомничениот ја вработил 14-годишната ќерка во слаткарница за време на викенди, а остварениот приход ѝ го земал за да ги надомести сопствените долгови.

На 22 март девојчето се разболело само дома и не отишло на училиште, а осомничениот и се јавил од странство и ѝ се заканил дека кога ќе се врати ќе ја претепа затоа што отсуствува. Ваквото однесување, кај жртвата прдизвикало постојан страв и стрес, како и чувство на напуштеност и на отсуство на родителска грижа, соопштуваат од Обвинителството.

Обвинителството бара судија на претходна постапка да му одреди притвор на таткото поради опасност од бегство, како и особени околности ки укажуваат на тоа дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или ќе го повтори кривичното дело.

Поврзани новости