Дедо ми решил да си ги крсти децата според страните на светот, па така татко ми го добил името Север, неговите браќа Југ, Исток и Запад, а нивната сестра Даница – раскажа популарната пејачка Северина во емисијата АмиГ шоу.
Таа појасни дека нејзиното име го добила според татко и, кој е починат.
-И ѕвездата од реалното шоу, Ким Кардашијан така го крсти своето прво дете, но ете, дедо ми го направил тоа многу порано од неа. Кога сум се родила, татко ми сакал да се викам Наташа. Но, мајка ми, од преголема љубов кон него, ми го дала името Северина – раскажа таа.
Родителите на пејачката, Ана и Север, се запознале во Сплит. Во тој период Север бил камионџија, а пак Ана работела како келнерка. Татко и на Северина починал додека таа била доста млада, а мајка и во неколку наврати има изјавено дека од него го наследила карактерот, но и физичкиот изглед.
Пејачката која до неодамна го носеше презимето Којиќ, по разводот од Игор, повторно си го вратила моминското презиме Вучковиќ.
Вики Клинчарова