Татко ми никогаш не бил функционер, ми прават хајки, тврди Арсовска

by fokus

Мојот татко никогаш не бил никаков функционер, најмалку висок. Тоа е лага и измислица од личностите што сакаат да ми наштетат и прават хајки, ми испраќаат закани и сакаат да ме деградираат, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во емисијата „Трилинг“ на прашање на новинарот како го коментира тоа што ДКСК ќе го испитува потеклото на имотот на нејзиниот татко.

-Секој еден збор кажан е лага. Ниту било кој од моето семејство бил функционер, рече градоначалничката, одговарајќи на прашањето што мисли за информацијата дека ДКСК ќе го испитува потеклото на имотот на нејзиниот татко, рече Арсовска.

Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет за проверка на вистинитоста на податоците од анкетниот лист на градоначалничката на Скопје по објавувањето во „Фокус“ дека таткото на актуелната градоначалничка Данела Арсовска поседува голем недвижен имот од над 3.500 квадратни метри.

По објавата во „Фокус“, со реакција се јавија и од Управата за јавни приходи. Од таму тврдат дека од 2019 година наваму не спроведуваат повеќе постапки за испитување на имотната состојба на именуван или избран функционер, туку според Законот за личен данок спроведуваат посебна даночна постапка за физичките лица што не се носители на јавни функции.

Тоа значи дека во нивни раце е надлежноста да го испитаат потеклото на имот на поблиското семејство на Арсовска.

Сепак институциите нема да го проверуваат имото на таткото на Арсовска како поранешен функционер, туку ќе ја проверуваат вистинитоста на нејзиниот анкетен лист, а потеклото на имотот на татко и ќе го испитува УЈП како за обичен граѓанин.

Поврзани новости