467
Полициската станица Кратово поднесе кривична пријава против Т.М. (41) од село Куклица, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство.
Според полицијата, на 11.08.2018 година во својот дом во село Куклица пријавениот под дејство на алкохол ја загрозил сигурноста на својата седумгодишната ќерка, која била дојдена на средба и видување заедно со нејзината мајка. Го притискал детето во пределот на вратот и главата и упатувал навреди и закани по животот на неговота поранешна сопруга.