Татко и син осомничени за убиство на кумот, имало крв на сите страни

by Fokus

М.Г. (62) и неговиот син М.М. (41) се уапсени поради сомнение дека извршиле тешко убиство во подрум од куќа во Ниш.

Според првите информации на Телеграф, двајцата со нож му „пресудиле“ на кумот А.Д.(46) кој живеел со нив.

Убиството е пријавено вчера во 23 часот. Телото било пронајдено во подрум, а насекаде имало крв.

Полицијата извршила истрага, при што во просторијата каде што се наоѓало телото бил пронајден нож со траги од крв, кој најверојатно бил употребен за извршување на убиството, при што било забележано дека е избришана крв и од телото на починатиот и од подот.

Наредена е обдукција.

Поврзани новости