Татко и син од Неготино се лишени од слобода, криеле марихуана и пари!

by Fokus

Татко и син од Неготино се приведени, откако им биле пронајдени марихуана и пари, кои ги чувале во помошни простории во дворот на семејната куќа, информираат од СВР Велес.

Додаваат дека вчера, во 18:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода В.К.(32) и Д.К.(59), двајцата од Неготино, на улица ,,Даме Груев”.

-При претрес во нивниот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пари. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

В.К.

Поврзани новости