Татко и двајца браќа малтретирале малолетник, го тепале и го фрлиле во фонтана, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера Б.С. во полициска станица пријавил дека неговиот малолетен син Б.С. додека бил во парк „Бановина” лоциран на ул. Тодор Чангов имал проблеми со малолетник З.С., по што настанала вербална расправија, а потоа и меѓусебна тепачка. З.С. телефонски го повикал неговиот брат Д.С. (27), кој е вработен во МВР. Д.С. го качил Б.С. на фонтаната, која била во близина, а на лице место пристигнал и З.С. (51), татко на Д.С и З.С. и го удрил малолетникот во пределот на стомакот, кој потоа паднал во фонтаната. Тогаш таткото З.С. го фатил за вратот Б.С. и почнал да го гуши, но бил оттргнат од страна на Д.С.
Настанот е пријавен во полиција преку 192. Кога пристигнале полициските службеници, на лице место не ги затекнале Д.С. и неговиот татко. Преземени се содветни мерки и активности, известен е дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР. Против Д.С. е започната соодветна постапка и му е одземено службеното оружје. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следат соодветни поднесоци.