Татко го пријавил во полиција момчето на ќерка му поради закани и уцени

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 20 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15 – годишна ќерка подолго од една година била во врска со лицето Ј. (презимето непознато), кој без нејзино знаење снимил видео материјал од нивен полов однос.

Според пријавеното, откако таа го известила дека сака да ја прекине врската, лицето ѝ упатувало закани и ја уценувало да не ја прекинува врската доколку сака видеото да не го објави на социјални мрежи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани новости