537
Тригодишно момче загина од косилка управувана од неговиот татко во Памбула, Нов Јужен Велс, Австралија.
Момчето итно било пренесено во локалната болница со сериозни повреди откако било исечено од сечилата на самоодната косилка. Детето подоцна починало од повредите откако лекарите очајно се обиделе да го спасат.
Несреќата се случила бидејќи таткото не го видел момчето додека ја косел тревната површина и наеднаш тргнал во рикверц.
Полицијата најверојатно нема да поднесе пријава, бидејќи се работи за несреќен случај, но е должна да го истражи случајот, за да поднесе пријава.