415
Петнаесетгодишниот Панајотис Бурназис заедно со неговиот татко Вангелис заминале во Атина на три дена, но бидејќи на синот му било роденден одлучиле да го продолжат патувањето за уште еден ден.
Така, судбината ги одвела во возот кој се судри со товарен воз и двајцата загинуваат во несреќата.
Инаку, Вангелис Бурназис служел во сообраќајната полиција Литис. Луѓето кои го познавале го опишуваат како примерен полицаец и достоен семеен човек. Неговата сопруга пред две години починала од рак, па Вангелис се пензионирал за да му се посвети на својот син.