Татко чиј син исчезнал пред еден месец дојде на протестот организиран од мајката на Пино

by fokus

Мајката на Пино Секундо (26) кој исчезна на 10-ти декември, Маја Трпковска, денеска организираше протест пред Собранието во Скопје, со цел да го сврти вниманието на јавноста, но и да добие одговори од надлежните околу тоа што превземаат во врска со пронаоѓањето на нејзиниот син, но и на останатите лица кои се водат како исчезнати во земјава.

Покрај десетиците граѓани и пријатели на Пино, на протестот своја поддршка и даде и таткото на Арбен Аслан, Бекир, а неговиот син бил исчезнат од 23-ти јануари. Последно бил забележан како влегува во возило, кое исто така не било пронајдено. Пред медиумите тој изјави дека син му бил семеен човек, татко на две малолетни деца. Во контакт бил со надлежните органи, но новости или пак некоја трага, се уште немало и по цел месец.

Трпковска пак, порача дека е разочарана од работата на институциите.

-Да беше нивно дете цела Македонија ќе ја превртеа. Немаше да има куќа во која немаше да влезат, немаше да има гаража во која немаше да проверат. Ова е тоа што сакам да му го кажам не само на премиерот, туку на сите министри – изјави таа, порачувајќи дека ќе протестира секој трет ден, се додека не се најде нејзиното дете.

Протестот ќе трае до 22 часот вечерва.

Вики Клинчарова

Поврзани новости