Тасевски за финалето на СП: Аргентина и Франција се под притисок, каква битка ќе биде тоа – Меси против Мбапе!

by Fokus

Мундијалот во Катар доаѓа до својот крај, а утре и задутре се двата последни натпревари од овој фудбалски настан. Во сабота во 16 часот играат Хрватска и Мароко за трето место, додека пак во недела во истиот термин се игра големото финале, помеѓу Аргентина и Франција.

Несомнено е дека ќе гледаме фудбалски натпревар од епски размери, од едната страна Лионел Меси, а од другата Килијан Мбапе.

Македонскиот тренер Жикица Тасевски верува во добар натпревар и не се обиде да даде фаворит, затоа што како што рече, во вакви натпревари се е можно.

„Тешко е да се доведе во прашање потенцијалот на Аргентина со оглед на нивните неодамнешни достигнувања и освоjувањето на Jужноамериканскиот куп. Актуелниот носител на титулата на Светското првенство, Франција е со мотивација да ја задржи титулата и да ја одбранат својата позиција, што досега се случило само трипати во историјата. Тимовите кои претходно го освоиле Светското првенство имаат тенденција да бидат фаворити, но исходот никогаш не е јасен додека не ги видиме натпреварите.

 

Историјата на Светските првенства не научи дека ништо не е невозможно и дека понекогаш и условно послабиот тим може да победи. Врвните тимови се добри, нема сомнение, но овие тимови се соочуваат со огромен притисок бидејќи резултатите се израмнети – а потценувањето на волјата и мотивацијата може да значи крај на врвниот тим. Убавината на Светското првенство е во тоа што секој има шанса да победи и се надевам дека во недела ќе уживаме во убава фудбалска претстава“, рече Тасевски за „Фокус“.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости