134
Првиот човек на синдикатот на М-НАВ, Александар Тасевски беше повикан на средба со претставниците на ЕУ поради ситуацијата во М-НАВ и како што рече по средбата, ја добил нивната поддршка. Тасевски најави дека на 10 јануари ќе го затворат небото доколку Владата не постапи како што најави.
„Ако Владата и самите директори останат глуви по сите овие случувања за кои имаме огромна поддршка од јавноста, решени сме, почнувајќи од 10 јануари, да го затвориме воздушниот простор над Македонија. Веќе не се работи само за подобрување на работните услови, туку за битка за обезбедување и гаранција на безбедноста на секој еден патник кој патува со авион“, рече Тасевски.