Од Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) велат дека со одлуката што ја донесе денеска Управниот одбор на М-НАВ за упатување на обука на кандидатите за контролори на летање се затворил проблем за, како што вели, нешто што требаше да се реализира уште пред 15 дена без да се создаваат нервози и да се изнесуваат состојбите во јавноста.
Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски во изјава за МИА најави дека ќе бараат одговорност од менаџментот за случувањата околу Огласот за изборот на кандидати за обука за контролори на летање.
Сега се прават некакви интервјуа со кандидатите како аргумент за текот што го зеде целата ситуација по реакциите, што е неиздржано затоа што селектираните кандидати веќе ги поминаа сите фази. Нема да отстапиме и ќе бараме одговорност од раководството за целата ситуација и непотребните нервози со што се наруши кредибилитетот на нашата професија, изјави Тасевски.