517
Актерот Сашо Тасевски вечерва преку Фејсбук статус ја искритикува власта за бегството на Никола Груевски.
-Уште десет потерници да распишете, џабе. Паднавте на испитот. Он ќе добие азил за некој ден и правец Аргентина или Чиле. И ќе му се фатиме. Најголемите бандити од најтесниот круг на Дон Корлеоне, ги пуштивте да избегаат. Престанете со театарчето СЈО, ОЈО, преку МОЈО. Ослободете ги сите обвинети од Бомбите, оти нема резон да ги гоните кога сите нивни наредбодавци се слободни. Бркајте крадачи на ќебапи и толку.