Тасева: Политиката му го одреди рокот на живот на СЈО

by fokus

Слаѓана Тасева во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека таа да била на местото  на политичарите ќе се бунела како судската власт се меша во законодавната власт.

-Уште од Пржино наликуваше дека носењето на законот за СЈО и поставувањето на рок може да испадне фарса. Очигледно беше дека за 18 месеци, не може да се постапи по сите предмети. Но, сепак, политиката му одреди рок на животот на СЈО. Потоа се замешаа многу други процеси, амнестија, блокади во судовите, со што се намали времето за да може да завршат некои многу комплексни постапки. Останува прашањето, зошто политиката дозволи Врховниот суд да се замеша во толкувањето на законите, рече Тасева од Транспаренси интернешенал.

Поврзани новости