Груевски: Народот го поддржа ВМРО, но некој вештачки насади друга влада

by Фокус

На 10 изборни циклуси по ред, мнозинство од народот му ја дава поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на собирот во Музејот на ВМРО по повод прославата на 27-миот роденден на партијата.

-Идеологијата на ВМРО е како арматура која што не држи да не паднеме под удари од внатре и надвор. На 10 избори поред ред народот проценува дека иделогијата, целите, тимот на ВМРО се најисправни и најправични – рече Груевски.

Но, по последните парламентарни избори, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вештачки била насадена ова влада, која, според него, треба да го одработи тоа што тие не прифатиле.

-Откако ги доенсоа на власт, сега наумиле нов план да го ослабнат ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на локалните и партиски да завладеат со судството и медиумите, за кога ќе дојде време за реализација за она што го презеле, ВМРО-ДПМНЕ да е слаба и поделена – рече тој.

 

Поврзани новости