Тарaвари вечерва испратил ненајавена инспекција на Клиниката за гинекологија

by fokus

Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва испратил ненајавена инспекција во Клиниката за гинекологија и акушерство, а инспектори во моментот вршат увид и во работата на уште три клиники, објави НОВА ТВ.

Од НОВА ТВ појаснуваат дека засега нема информации кои се другите клиники каде што вечерва влегле инспекциите.

Клиниката за гинекологија во изминатиот период ја тресеа многу скандали, со починати бебиња, за што пишуваше и неделникот „Фокус“. Само во првите пет месеци од оваа година таму починале 61 новороденче.

Поврзани новости