На денешното судење за случајот „Таргет и Тврдина“ сведочеа 17 сведоци-оштетени предложени од обвинителството.
Првиот сведок кој пристапи кон Судот беше бизнисменот Зоре Темелковски сега веќе пензионер. На директните прашања на обвинителството сведокот изјави дека од 2008 до 2015 година водел бизнис со партнери од Бугарија и Израел.
Поради неприликите тој бил принуден да пријави и во бугарската полиција како што го советувале неговите пријатели од Бугарија. За сите поднесени пријави за прислушкуваните разговори како во Македонија така и во Бугарија тој поседувал соодветна документација.
Како бивши пратеник верувал во правда и пријавил во сите институции и не верувал дека луѓето кои се сега обвинети можеле до таму да одат кон него.
-Се појави СЈО како некој спас. Сопругата провери на страната на СЈО дека може да провериме дали телефонските броеви ни биле следени.
Бранко Радосављевиќ директор во СВР Скопје кој ми беше другар и сеуште ми е другар, беше качен од луѓе од подземјето со лажни полициски значки кои го возеле низ Скопје. Му кажале да ми пренесе дека имале снимки, разговори како сум се заканувал со убиство на мои бизнис партнери. По еден час ме повикаа во полициската станица Беко за обид за убиство на моите бизнис партнери. Им кажав дека не е така и побарав полиграфско сведочење.
Тие идиотите кога ќе се напиеа во кафана си дозволуваа да изнесат се од полицијата. Пријавив во СЈО, отидов сам. Сакав да им покажам на тие луѓе дека ја немаат таа моќ што сакаат да ја прикажат.
Институциите сеуште не работат како и тогаш, џипот што му го одзема МВР на мојот син, не ми е вратен се до денес. Имаме и судска пресуда, не ни го враќаат. Џипот му го земаа на син ми зашто се движел по трасата на Никола Груевски. Јас кажав ние таму живееме цел живот а Груевски беше доселен, изјавил сведокот, а пренесе „Зелена Лупа“.
Темелковски изјави дека се чувствува оштетен но не бара оштета од обвинетите кои се во судницата туку од луѓето кои биле вработени во МВР и кои биле поврзани со подземјето.
На прашање од Судијата Туфегџиќ за појаснување за кои луѓе се мисли во исказот а не се тоа обвинетите сведокот одговори:
-Едниот е пензиониран, а другите се Советници во сегашната Влада, за се имам документи и до ден денес не се расчистени работите.
Сведокот побара целиот имот што му бил украден и уништен како последица на незаконското прислушување, да му биде вратен.
Пред судот сведочеше и Бедри Ајдари, вработен во приватна дејност, сточарство. На директните прашања на обвинителството сведокот изјави дека од 2008 до 2015 година бил вработен како Управител на приватна транспортна фирма.
Вкупниот износ по основ на материјална и нематеријална штета која ја побара беше една милијарда евра. Обвинетите и нивните бранители во гласна смеа возвратија на ова оштетно побарување, а сведокот рече:
-Можеби е смешно за вас, вие тогаш бевте среќни а сега сте обвинети, рече сведокот, а пренесе „Зелена Лупа“.