Најпрво треба да гледаме на татковината, а после на својот на живот. Ние сме луѓе кои не бараме премногу и не летаме во облаци, но сакаме да не ценат и да не вреднуваат. Ова го изјави хашкиот осуденик Јохан Тарчуловски на панел-дискусијата во организација на ВМРО-ДПМНЕ, која викендов се оддржува во МОБ.
-Ние бранителите сме душата на овој народ. На пола од луѓето им ги знам маките, но ако сме сложни и ако сите сме заедно ќе успееме. Ако еден со еден се кодошиме, се цинкариме и плукаме по луѓето, никој ништо нема да успее. Пола од луѓето тука се припадници на полицијата, на армијата и 15 години не мрднале едно работно место, но уста не отворија и уште ќе бидат зад лавот и сонцето – рече Тарчуловски.
Инаку, тој има пријателски однос со лидерот на лидерот на партијата на бранителите – Достинство, Стојанче Ангелов, но, за разлика од него, Ангелов не смета дека бранителите не треба да молчат за тоа што ги мачи, туку смета дека само политички промени ќе го подобрат нивниот третман и статус.