Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски кој моментално е во домашен притвор, излезе со свој став околу референдумското прашање. Тој на својот профил на Фејсбук објави фотографија од комитски алишта и се заколна дека никогаш нема да гласа против промена на Уставот.
„Јас, Јохан Тарчуловски, член на навивачката група со славно име „Комити“ од нејзиното создавање, член на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство (ВМРО-ДПМНЕ) од нејзиното создавање, бранител на Република Македонија за време на војната во 2001 година, што го платив со лична жртва одлежувајќи осум години во затвор по пресуда на Судот во Хаг (само и единствено поради тоа што сум го ризикувал сопствениот живот за да ја одбранам мојата, нашата татковина), обвинет што не сум го спречил македонскиот народ при неговиот влез во Собранието на 27. април 2017 година, татко на три деца и верен сопруг:
– Се колнам во Бога, во верата и во својата татковина Македонија, дека безусловно ќе го почитувам и штитам македонскиот Устав, дека нема НИКОГАШ да гласам за негово менување и без приговор ќе ги извршувам заповедите на македонскиот народ, чиј народен избраник сум во македонскиот парламент. Во противен случај, нека бидам убиен од еден од моите собраќа Македонци со револверот или камата што овде ги целивам!
Никогаш Северна,
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!“, напиша Тарчуловски на својот профил на Фејсбук.