Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог

by Fokus

Се трудиме да ги изгаснеме огновите кои сме ги наследиле и со стратегија да ги подобриме состојбите, а веќе од понеделник ќе се обезбедат сите лекови кои недостигаат за терапија на онколошките пациенти, рече министерот за здравство, Арбен Таравари во одговорот на пратеничкото прашање од Тони Јаревски на денешната собраниска седница кој побара одговорност за состојбите во кои западнало јавното здравство и проблемите во универзитетската клиника за онкологија. Таравари вината ја префрли на претходното раководство и остро ги критикуваше настапите на опозициската СДСМ поврзани со „случајот“ Онкологија.

Јас не знам како министерот Филипче има лице и кредибилитет да излезе и да критикува за нешто што во неговиот мандат беше најголем скандал во министерството за здравство во последниве 3-4 години. Тоа што настана во Онкологија е скандал пар екселанс и мене ми е жал што сè уште нема едно судско решение. Во меѓувреме ние се трудиме таму да ги решиме работите и лековите да не се земаат на реверс, рече министерот Таравари.

Тој напомена дека порано лековите на Онкологија кои чинеле многу не се набавувале според процедури и како што напомена таа практика ќе биде прекината.

 

Поврзани новости