Таравари загрижен што Арсовска не комуницира со приватните превозници

by Fokus

Политичката партија Алијанса за Албанците дава поддршка на приватните превозници кои веќе неколку дена протестираат со блокада на улиците во Скопје барајќи исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје и ЈСП. Според в.д. претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, неопходно е да се изнајде решение за овој проблем.

Таравари смета дека Владата треба посериозно да се ангажира, бидејќи како што рече, се работи за повеќе од 500 семејства кои неколку дена протестираат.

-Загрижени сме за состојбата. Се работи за повеќе од 500 семејства кои неколку дена протестираат со блокирање на улици. Ова не е решение. Блокиран е главниот град на државата. Ме загрижува тоа што градоначалничката воопшто не комуницира со нив, а треба да се изнајде решение и мора да се изнајде решение. Јас се согласувам со еден предлог што го дадоа, евентуално и да и се одземат ингеренции и Владата да се ангажира малку сериозно во овој правец. Нема смисла пет месеци да не се исплатат и да се дојде до вакво дереџе да не се седне и да не се разговара со нив, изјави Таравари кој денеска се сретна со приватните превозници.

Поврзани новости