Таравари: Заев вети дека албанскиот јазик ќе биде официјален и сега е моментот

by fokus

Алијанса за Албанците ќе бара уставни измени за албанската заедница да биде впишана како државотворен народ и албанскиот јазик да биде службен заедно со македонскиот.

Генералниот секретар на партијата и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, вели дека не е исклучена можноста партијата да го блокира собранискиот процес за уставни измени согласно Договорот со Грција, доколку не се исполнат нивните барања.

-Постојат органи на партијата ќе одлучат. Ова не условување, туку фер предлог од политичка партија која има конзистентни ставови и се придружува на работи кои му се ветени на албанскиот електорат – вели Таравари во изјава за ТВ Алфа.

Тоа што ДУИ смета дека сега не е време за зачинување на преспанскиот процес со албанските барања, за Таравари е неважно. Тие се нестабилни, вели тој. Потсетува дека и ДУИ се потписници на популарно наречената Тиранска платформа.

-Господинот Заев предложи уште во 2016 дека албанскиот јазик ќе биде официјален и сега е моментот. Може со амандмани да ги затвориме сите овие прашања и после да работиме само на европската агенда – додава Таравари.

Поврзани новости