639
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во вечерашното гостување на телевизија Телма оставката на премиерот Зоран Заев ја оцени како морален чини, но рече и дека тој може да се премисли.
После ваквиот пораз, од морален аспект убаво направи. Иако јас мислам дека може пак да го смени ставот, знаеме дека господинот Заев може да смени став и неколку пати во денот.
Инаку изборен дебакл, можеби и тој не очекувал. Јас гарантирав дека СДСМ и ДУИ ќе ги изгубат околу две третини општини и изгубија. Луѓето околу него само не му кажувале каква е ситуацијата на терен. Македонците, Албанците и Турците на избори казнуваат, не наградуваат.
Сега ВМРО-ДПМНЕ треба да биде многу трезвена, да не ги направи истите грешки што ги направи Заев, вели Таравари.