413
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, во синоќешното гостување на „Отворено“ на Алфа ТВ, порача дека пресудата од насилствата од 27 април е притисок врз неговата партија.
„Нашите очекувања беа да има чесен и фер-плеј судски процес, но очигледно беше дека и тука требаше да се комбинира. Од 17 казнети, мораше да има и еден Албанец. Абдулфета Алими се наоѓаше над главата на Села кога се разбуди тој после тој немил настан во Собранието. За жал, имало само една снимка кај Абдулфета Алими кој ги дава клучевите на некој човек, а според моите информации, човекот воопшто не е обвинет“, истакна Таравари.