Таравари за инспекторот Илиевски: Наместо да го охрабрат и поддржат, тие го казнуваат

by fokus

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари, ја коментира одлуката на Државниот просветен инспекторат да покрене дисциплинска постапка против просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски, кој го обелодени скандалот со незаконско унапредување во наставно научни звања на тројца јавни функционери.

„Место да се охрабрат и да се поддржат луѓето кои што пријавуваат нерегуларности и незаконитости, кај нас тие се казнуваат.
Оваа е една од главните причини зошто младите бегаат од државата“, вели Таравари.

Инаку Илиевски на 19 јули треба да се појави пред дисциплинска комисија во Државниот просветен инспекторат. Постапката е покрената од Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски.

Поврзани новости