Членката на Централното собрание на Алијансата за Албанците, Роланда Превала Кадриу, се приклучи на огнената група на ДУИ. Ова го објави предводникот на „огнените“ и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити.
-Имаше средба меѓу мене и г. Роланда Превала Кадриут, член на Централното собрание на Алијансата за Албанците која гордо се приклучи на каузата што ја водиме!, напиша Меџити на Фејсбук.
„Фокус“ за ова го контактираше и лидерот на Алијанса, доктор Арбен Таравари кој за напуштањето на нивната сопартијка даде краток одговор:
„Секој си одлучува каде ќе продолжи. Стотици нови членови ни доаѓаат и по некој си оди. Редовно во сите партии има членови, кои доаѓаат и си одат. Тоа е нормална појава“, истакна Таравари во изјава за „Фокус“.
Пред неколку денови, конечно беа избрани министрите и заменици министрите од Алијанса по десетдневна маратонска собраниска седница, откако претходно партијата на Таравари донесе одлука да се приклучи на влдината коалција, со што успеа да ќари доста функционерски места.
За разлика од нив, „Огнената група“ од ДУИ, предводена од Меџити и Муса Џафери самостојно делуваат, откако лидерот на „интeгративците“, Али Ахмети не ги послуша и не го тргна Артан Груби како негова десна рака.
Огнените“ пред три дена одржаа голем митинг во Чаир во преполната сала „Шабан Трестена“ од каде упатија остри пораки кон врвот на партијата, а особено кон Артан Груби за кој инсиситираат да си даде оставка од вицепремиерската позиција и да ја напушти ДУИ.
Ирена Мулачка