Лидерот на АА и кандидат за претседател Арбен Таравари вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека да побарал да биде првиот премиер Албанец, ДУИ ќе прифателе, но сепак одлучил да го слуша гласот на народот.
-Нудеа се. Да побарав да бидам прв премиер Албанец, и тоа би прифатиле. Да побарав да бидам заеднички кандидат за претседател, и тоа би прифатиле, но одлучив да го слушам гласот на народот, кој сака промени после 22 години – порача Таравари.
Таравари рече дека една од најголемите грешки било што влегле во владата.
– Повеќето од партијата беа да влеземе во Владата, дури и јас гласав за тоа, не сакав да бегам од одговорност. Но, тоа беше најголемата грешка што ја направивме, огромно незадоволство се јави помеѓу симпатизерите на Алијанса за Албанците – вели Таравари.
Тој додава дека ја признава таа грешка.
Лидерот на Алијанса за Албанците и кандидат за претседател порача дека ДУИ не била послаба од 2002 година.
– Сигурен сум дека промената кај Албанците ќе дојде и тоа е добро. Само не знам со колкава разлика, но промената ќе дојде, а тоа ќе биде добро и за ДУИ. ДУИ не бил послаб никогаш, од 2002 година, тоа го велат статистиките, анкетите – вели Таравари.