490
Вработени со договор на дело во Министерството за здравство добивале енормно високи хонорари кои достигнувале износ и од 5-6 просечни плати, потврди денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
„Станува збор за многу луѓе кои работеле по договор на дело. Тие земале високи хонорари како во европските земји“, изјави министерот.
Таравари не кажа конкретно за кои луѓе се работи и дали се тоа луѓе кои биле вработени во кабинетот на екс министерот Тодоров.
„Не знам точно за кои луѓе се работи, но ревизијата ќе покаже за кого конкретно се работи и колку го оштетиле буџетот на Министерството за здравство“, додаде министерот Таравари.